Мицкоски: Не постои друга алтернатива за Македонија освен членство во ЕУ

29.06.2021 12:47

Државата не смее повеќе да биде заложник на злоупотребите што ги прави актуелната влада на европските перспективи и името на Европската унија во насока на оправдување на сите погрешни одлуки. Македонија и македонските граѓани заслужуваат да бидат достоинствен член на ЕУ, потенцирал Мицкоски.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски во рамките на политичкото собрание на Европската народна партија оствари повеќе средби. Не постои друга вистинска алтернатива за Македонија освен членство во ЕУ, заклучок од состаноците.

Државата не смее повеќе да биде заложник на злоупотребите што ги прави актуелната влада на европските перспективи и името на Европската унија во насока на оправдување на сите погрешни одлуки. Македонија и македонските граѓани заслужуваат да бидат достоинствен член на ЕУ, потенцирал Мицкоски.

Оваа епизода наречена власт на Заев не е вистинската слика за Македонија и затоа на нашите европски пријатели им објаснуваме дека неуспесите ќе се надминат многу скоро и нацијата ќе ги забрза европските реформи и затоа ни е потребна шанса преку отпочнувањето на преговорите тоа да го покажеме, истакнал на средбите Мицкоски.