Патување

Потонатиот град Кекова

29.06.2021 13:02

Убавините и мистиката на потонатиот град може да се видат единствено по воден пат, преку бројните туристички тури со кои посетителите може да уживаат во историјата и во недопрената природа. Иако пливањето е забрането околу потонатите урнатини, можноста да се фотографира оваа ретка глетка е ретко искуство за туристите.

Кекова не е позната само по прекрасното тиркизно море, туку и по античкиот и мистериозен потонат град. Секое лето, посетителите доаѓаат за да го доживеат искуството со бродските тури, преку кои може да се видат остатоците од некогаш моќниот антички град, кој сега е целосно потопен, а за неговата величнина сведочат неколкуте остатоци на копното.

Кекова е познат туристички регион на турското медитеранско крајбрежје во кој спаѓаат истоимениот остров и селата Калекој и Шачаз. Оваа област, од страна на Министерството за животна средина и шуми наТурција е именувана како заштитено подрачје, а од 1990-та година, регионот стана доста популарен кај посетителите, пред се, поради неверојатната природна убавина и реткото културно-историско богатство.

На северната страна на островот Кекова, ќе наидете на подводните урнатини, на древна населба Ликија која поради земјотресот што сеслучил во текот на 2-от век потонала под морето.

Убавините и мистиката на потонатиот град може да се видат единствено по воден пат, преку бројните туристички тури со кои посетителите може да уживаат во историјата и во недопрената природа. Иако пливањето е забрането околу потонатите урнатини, можноста да се фотографира оваа ретка глетка е ретко искуство за туристите.

Во близина се наоѓаат и бајковитите заливи Терсане и Аквариум, каде што посетителите можат да пливаат и одблизу да ги разгледаат урнатините и античките остатоци, и секако, да уживаат во бистрата и чиста вода.

Освен по прекрасниот потонат град во тиркизни води на Медитеранот, Кекова е позната и посвоите бројни заливи, како и по селото Калекој во кое се уште стои древната тврдина која е обележје на овој крај. Крајбрежните ресторани украсени со цвеќиња, малите куќи со покривите од теракота и тесните улички го создаваат извонредниот пејсаж на ова идилично село покрај вода.

Тука, навистина има разновидна понуда за сите потреби на туристите: природа, историја, релаксација, можности за фотографирање или капење и нуркање во кристално чистите води, навистина има по нешто за секого.