Расте на откупот на земјоделски производи

25.03.2014 09:07

Во јануари откупот на земјоделските производи бил поголем за 47 проценти во споредба со лани. За овој период статистичарите пресметале дека производството и трговијата изнесувала 1,3 милијарди денари...

Откупот и продажбата на земјоделски производи во јануари годинава изнесува 1,3 милијарди денари.  Според Државниот завод за статистика,  ова е 47 процентно зголемување во споредба со јануари 2013-та година.

Од индивидуалните земјоделски производители купени се  земјоделски производи повеќе за 54 насто, а продажбата на сопствено производство на комбинатите скокнала за безмалку 13 проценти.

Поголема трговија со земјоделските производи имало кај индустриските растенија, алкохолните пијалаци, добитокот, живината, јајцата, млекото,млечните производи и рибата.

Помало тргување, пак, е остварено кај житата, зеленчукот, фуражните растенија и грозјето.

 

Методија Трајков