Прогноза
ЕБРД предвидува раст на македонската економија од 4%
29.06.2021 15:24
Според ЕБРД годинава се очекува делумно закрепнување на економијата и растот зависи од надворешната побарувачка и реализацијата на инфраструктурните проекти.

Европската банка за обнова и развој ја зголеми прогнозата за економски раст на македонската економија на 4% во 2021-ва. Тоа е за еден процентен поен повеќе во однос на проценката од септември 2020-та. За 2022-ра исто така се проектира раст од 4%.
Според ЕБРД годинава се очекува делумно закрепнување на економијата и растот зависи од надворешната побарувачка и реализацијата на инфраструктурните проекти.
Од регионот, Црна гора има проценка за раст од 8,5% , Србија 6%, Албанија 4,5%, Косово 4% и БИХ 3,5%.
