„Сите за правично судење“

Тешко оди конфискацијата на пари и имот кои потекнуваат од нелегално богатење

29.06.2021 15:29

15 милиони денари е највисоката сума конфискувана со правосилна судска пресуда. Најниската- 500 евра. Постапката за конфискација на пари и имот кои потекнуваат од нелегално богатење е прилично тешка, велат експертите. Најчесто обвинителите не бараат и судот не изрекува конфискација. Онаму кадешто ја има, доминира сферата на даночно затајување, па случаите на организиран криминал и корупција...

15 милиони денари е највисоката сума што ја конфискувала државата и оневозможила незаконско богатење. Најмногу пари им се одземаат на оние што затајуваат данок. Од 30 предмети опфатени во истражувањето на Коалицијата „Сите за правично судење“ само во 7 се конфискувал имот на осудени за организиран криминал и корупција.

Дали ќе има конфискација одлучува судот. Непрецизноста на законот е причина зошто обвинителите поднесуваат малку барања. Мал број вработени, ниски буџети, а многу работа. Обвинителите велат - финансиските истраги содржат многу документи кои треба да се проверат.

Конфискуваниот имот се продава на лицитација. Парите од продажбата како и оние конфискувани од сметките завршуваат во државниот Буџет.

Анита Димитријевска Велковска