Влада

Отпис на камати и репрограмирање на долгови за над 150.000 граѓани

29.06.2021 16:10

Над 150.000 граѓани ќе бидат опфатени со Законот за отпис на камати и репрограмирање на долгови и трошоци во услови на Ковид-19. Ќе се овозможи исплата само на главницата на долгот на повеќе рати...

Повеќе од 150.000 граѓани ќе бидат опфатени со Законот за отпис на камати и репрограмирање на долгови, за да се олеснат економските последици од пандемијата на Ковид-19. Законот ќе овозможи граѓаните да ја исплатат само главницата на долгот на 12 рати. Ова законско решение е еднократна помош за граѓаните кои кон државните органи акумулирале дополнителен долг врз основа на каматите, соопшти премиерот Заев.

Премиерот Заев информираше и за одлуката на Владата преку Македонската развојна банка за пласман на средства преку деловните банки, со што ќе се вбризгаат дополнителни 100 милиони евра евтин капитал во стопанството, преку ниски каматни стапки од 1,6 насто на годишно ниво.

За нашата економија, овие средства значат нови вработувања, нови инвестиции и забрзувања на економскиот раст, рече премиерот Заев, потенцирајќи дека финансискиот поттик за стопанството ќе продолжи.

 

Александра Спировска