Свет

Најмалку 34 жртви поради пеколните горештини во Канада

30.06.2021 10:04

Во градот Литон, во Британска Колумбија биле измерени рекордни 49,5 степени целзиусови, јави локалната метеоролошка служба на Твитер, со што е соборен канадскиот рекорд од 45 степени целзиусови измерени во 1937 година.

Рекордно жешкото време однесе над 34 животи во западна Канада, особено во регионот околу Ванкувер. Поголем дел од жртвите биле повозрасни лица.

Во градот Литон, во Британска Колумбија биле измерени рекордни 49,5 степени целзиусови, јави локалната метеоролошка служба на Твитер, со што е соборен канадскиот рекорд од 45 степени целзиусови измерени во 1937 година.

Во САД, најпогодениот регион е Пацифички северозапад. Во Портланд се измерени 46,1 степен, а во Сиетл 42,2, најмногу откако се води статистика од 1940-ите.