телекомуникации

Од утре разговори и интернет без роаминг во регионот

30.06.2021 10:32

Првата фаза од спроведувањето на договорот почна во 2019 година, кога цената на роамингот беше намалена и за над 80 проценти, а од утре стартува втората фаза и целосно укинување на роамингот.

Од утре се укинува роамингот за телефонски разговори, СМС пораки и интернет меѓу Македонија, Србија, Црна Гора, Албанија, Косово и Босна и Херцеговина. Со тоа ќе се заокружи примената на Договорот од Вториот дигитален самит од 2019 година меѓу шесте држави од Западен Балкан.

Првата фаза од спроведувањето на договорот почна во 2019 година, кога цената на роамингот беше намалена и за над 80 проценти, а од утре стартува втората фаза и целосно укинување на роамингот.

Од Агенцијата за електронски комунукации (АЕК) изјавија дека се завршени сите чекори за  разговори, пораки и пренос на податоци без тарифирање во роаминг.