Почнува 40-от Меѓународен саем на мебел
Од Скопски саем посочуваат дека има раст од 20 проценти на домашни производители...

На Скопскиот саем денеска почнува 40-то јубилејно издание на Меѓународниот саем за мебел. Најавено е учество на 180 домашни и странски компании, 430 претставници на брендови, кои своите производи ќе ги претстават во шесте саемски хали и три помошни.
Од Скопски саем посочуваат дека има раст од 20 проценти на домашни производители и дека ова е саем со рекорден број учесници и рекорден број посетители. Покрај од Македонија, учествуваат компании од Италија, Словенија, Хрватска, Србија и Турција.
Саемот ќе понуди интересни и оригинални ентериерни уредувања кои покрај мебел за домот, го трасираат трендот за модерни кујни, елегантни бањи, осветлување, подови и ѕидни декорации, за канцелариски мебел, но и за уредување градини, а ќе понуди и најнови технички и технолошки достигнувања на репроматеријали, машини и опрема за преработка на дрва.
