Свет

Силно невреме во делови од Европа

30.06.2021 10:37

Нема извештаи за жртви во Германија, додека пет лица се повредени во Швајцарија.

Во Швајцарија, делови од Германија и источна Франција се погодени од силно невреме, со обилни дождови, попречувајќи дел од сообраќајот во Штутгарт, соопштија локалните власти.

Нема извештаи за жртви во Германија, додека пет лица се повредени во Швајцарија.

Во Штутгарт се поплавени неколку тунели на подземната железница. Во централна и источна Германија се очекува силно невреме со налети на ветер и до 100 км/ ч.