Владата ја усвои Националната програма за усогласување со правото на Европската Унија – НПАА 2021-2025

30.06.2021 11:52

Една земја членка – Бугарија, порача Димитров, може да стави вето на почетокот на пристапните преговори, усвојувањето на преговарачката рамка и одржувањето на првата меѓувладина конференција, меѓутоа никој не може да ни стави вето на домашната реформска агенда – Европеизацијата мора да продолжи.

Владата ја усвои Националната програма за усогласување со правото на Европската Унија – НПАА 2021-2025, која што е целосно преструкртуирана според новата кластерска  методологија за пристапни преговории, изјави вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров на денешната прес-конференција посветена на Националната програма за усогласување со правото на Европската Унија.

Една земја членка – Бугарија, порача Димитров, може да стави вето на почетокот на пристапните преговори, усвојувањето на преговарачката рамка и одржувањето на првата меѓувладина конференција, меѓутоа никој не може да ни стави вето на домашната реформска агенда – Европеизацијата мора да продолжи.

Програмата ќе се претстави и следи и во Собранието. Треба да докажеме дека имаме стабилна демократија и дека ориентацијата и динамиката нема да ја менуваме со секои избори, изјави Димитров.

НПАА ги дефинира стратешките правци, приоритетите, динамиката и потребните ресорси и активностите за прилагодување на националните институции кон европските административни структури. Нејзината подготовка е со активно учество на околу 800 државни службеници од преку 150 државни институции.

Клучна цел на НПАА е да ја исцрта националната траекторија за целосна еворпеизација или потполно членство во ЕУ. Политичката порака и тежина на НПАА е многу поголема од самиот документ. Со програмата 2021-25, прво покажуваме дека сме ориентирани кон европеизација на државата преку премостување препреки и дека знаеме точно што правиме. Второ, демонстрираме дека сме сериозни и одлучни во намерата да се менуваме. Трето потврдуваме способност, капацитет и верба во сопствените инстутуции како тоа ќе го направиме и четврто проектираме визија и политички хоризонт подалеку од следните избори, појасни Димитров.

Првата НПАА е подготвена и усвоена во 2005-06 година и од тогаш редовно се врши нејзина ревизија. Последнета ревизија на програмата е направена во 2017 година.