Евроинтегративниот процес на Македонија во фокусот на средбата Пендаровски- Милановиќ
Претседателот Стево Пендаровски е во официјална дводневна посета на Хрватска. Загреб ја повтори поддршката за евроинтеграцијата на Македонија. За да стигнеме таму, нема да бидат доволни само нашата волја и напори, порача Пендаровски...
Претседателот Стево Пендаровски е во официјална дводневна посета на Хрватска. Во Загреб Пендаровски беше пречекан со највисоки државни и воени почести од хрватскиот претседател Зоран Милановиќ, по што се одржа тет-а-тет средба меѓу двајцата претседатели, како и пленарен состанок на делегациите на двете земји.
Евроинтегративниот процес на Македонија во фокусот на средбата меѓу двајцата претседатели. Хрватска ја повтори поддршката на овој пат. За да стигнеме таму, нема да бидат доволни само нашата волја и напори, порача Пендаровски.
Според програмата, Пендаровски денеска ќе има средби и со хрватскиот премиер, Андреј Пленковиќ и со претседателот на Саборот, Гордан Јандроковиќ.
