Свет

Русија тестира оружје на Крим

30.06.2021 13:25

Вежбата „Морско ветре“ е проследена со зголемени тензии меѓу НАТО и Москва, која минатата недела објави дека истрелала предупредувачки истрели и фрлила бомби на траекторијата на британскиот воен брод за да ги напушти водите на Црното Море покрај брегот на Крим.

Русија ја тестира подготвеноста на својот систем за противвоздушна одбрана на полуостровот Крим, додека Украина и земјите од НАТО одржуваат воени вежби во Црното Море. Вежбата „Морско ветре“ е проследена со зголемени тензии меѓу НАТО и Москва, која минатата недела објави дека истрелала предупредувачки истрели и фрлила бомби на траекторијата на британскиот воен брод за да ги напушти водите на Црното Море покрај брегот на Крим.

„И благодарам на украинската морнарица и на маринците кои се домаќини на овој настан кој не приближува и заеднички ја прославуваме 21-та по ред вежба Морско ветре“, изјави Стјуарт Бауман, капетан во американската морнарица.

„Овие вежби обединуваат пет континенти и се случуваат во северо-западните делови на Црното Море, во три области на Украина. Имаат за цел одржување на мирот и стабилноста во регионот“, нагласи Олексиј Неижпапа, командир на украинската морнарица.

Вежбите ќе траат две недели. Вклучуваат 5.000 припадници на воениот персонал на НАТО и на други сојузници, како и околу 30 бродови и 40 авиони.

Руската црноморска флота, пак, соопшти дека распоредила 20 борбени авиони и хеликоптери, вклучително и бомбардери СУ-24м, како и С-400 и ракетен систем панцир со ракети земја-воздух, како дел од подготвителниот тест. Москва го смета Крим за дел од Русија, но полуостровот е меѓународно признаен како дел од Украина, која го бара назад.

Руското министерство за одбрана соопшти дека ќе одговори доколку е потребно да се заштити националната безбедност.

Русија минатата недела ги предупреди Велика Британија и Соединетите држави да не ја „предизвикуваат судбината“ испраќајќи воени бродови во Црното Море и рече дека ќе ги брани своите граници со сите можни средства, вклучително и со воена сила.

 

Марина Ристова