Од Охрид вечерва стартува форматот Б6
Целта на новата регионална иницијатива, Б6 ќе биде министрите за надворешни работи од регионот да се консултираат едни со други пред разни состаноци преку што ќе имаат поголемо влијание врз прашањата од заеднички интерес.

На иницијатива на министерот за надворешни работи, Бујар Османи, вечерва од Охрид ќе биде лансира новата регионална иницијатива Б6 при што ќе им биде домаќин на министрите за надворешни работи и нивни претставници од регионот.
Целта на новата регионална иницијатива, Б6 ќе биде министрите за надворешни работи од регионот да се консултираат едни со други пред разни состаноци преку што ќе имаат поголемо влијание врз прашањата од заеднички интерес. Ќе биде политичка платформа наменета за продлабочување на соработката и врските меѓу земјите од регионот, налик на сличните форуми во рамките на европските земји, како што се Ц5 или В4- соопштуваат од МНР.
