Македонија

Означени плнинарски патеки во Скопска Црна Гора

30.06.2021 14:25

Амбасадата на Република Словенија во соработка со Федерацијата за планинарство на Северна Македонија го завршија проектот„Означување на планинарски патеки во Скопска Црна Гора“. Со промовирањето се одбележува соживотот со природата и важноста за заштитата на животната средина со акцент на квалитетно поминатото време во природа, во што Словенија има долга традиција, потенцираше словенечкиот амбасадор во земјава...

Со мапирање и обележување на планинските патеки се олеснува пристапот до скриените убавини на природата. Соживотот со неа има бројни придобивки за здравјето. На македонската Света Гора, како што ја нарекуваат, е завршен проектот за означување на планинарски патеки. Реализиран со помош на словенечки компании, целта е да се промовира важноста за заштита на животната средина, порача амбасадорот на Словенија во земјава, Предан.

Од планинарскиот клуб „Скопска Црна Гора“ веќе 10 години ги мапираат и обележуваат патеките, велат од кое село да тргнете, ќе стигнете до Спирова колиба. На мапата се обележани 7 патеки. Тврдат дека не се тешки за искачување, можат да планинарат и рекреативци и планинари.

Планинарењето претставува запознавање на убавините на земјата, но и откривање на сопствените духовни богатства и запознавање на внатрешните способности.

На Скопска Црна Гора има поголем број планинарски патеки кои нудат можност за разгледување на големиот број на цркви и манастири, да се разгледаат природните реткости на планината и да се ужива во панорамскиот поглед кон скопската котлина.

Александра Спировска