Роднините на патниците од малезискиот Боинг бараат поцврсти докази

25.03.2014 10:18

Тага, болка,разочарување, гнев, роднините на патниците од малезискиот боинг вака ја примија најлошата вест, да не се надеваат дека ќе ги видат своите најблиски.„Сакаме да ја дознаеме вистината“, „Измамници“.

200 демонстранти протестираа и се судрија со полицијата пред амбасадата на Куала Лумпур откако малезискиот премиер Наџип Разак  им соопшти дека  боингот 777 се урнал во јужниот Индиски Океан, и дека нема преживеани патници.

„Мора да ни дадат поцврсти докази за да поверуваме во тоа што ни зборуваат, неможе да кажат дека авионот се урнал, без соодветно објаснување...Поминаа многу денови а тие не најдоа ништо, само бараа, бараа, а не најдоа ништо. Како толку многу земји не можат да најдат толкав авион...“ прашуваат ожалостените роднини

Во Малезискиот парламент едноминутно молчење, за 239 те жртви кои трагично загинаа на летот Куала Лумпур- Пекинг.

„Во мое име и во името на сите членови на парламентот го изразувам нашето најдлабоко сочуство до семејствата на сите погинати патници. Да се помолиме и да најдеме мир“, изјави Пандикар Мулиа Претседател на Парламентот.

Сепак, шпекулациите не запираат. Според последните полуинформации, авионот намерно бил урнат и одговорот треба да се бара кај некој од патниците. САД испратија подводни локатори и роботи во потрага по црната кутија. Временските услови не дозволуваат испраќање на првата подморница.

„Ние ќе продолжиме со потрагата, се надеваме дека и другите земји ќе се вклучат се додека не го пронајдеме леталото“, изјави Хонг Леи министер за надворешни работи.

Малезискиот џамбо авион исчезна од радарите на 8 март. Во авионот имаше 239 патници и екипаж, меѓу патниците 153 беа кинези.

 

Марија Петковска