Започна првиот Преспа форум дијалог на тема „Западен Балкан: Делот што недостига за Европа да биде целосна“
На отворањето на конференцијата ќе присуствуваат премиерот на Северна Македонија Зоран Заев, поранешниот премиер на Грција, Алексис Ципрас, поранешната висока претставничка на ЕУ Федерика Могерини и поранешниот комесар за соседство и проширување Јоханес Хан, главните креатори на Договорот од Преспа од 2018-та година.
Во Oхрид и во Oтешево денеска се одржува првата Меѓународна конференција во рамките на Преспа форумот за дијалог. Дводневната конференција е на тема „Западен Балкан: Делот што недостасува за комплетирање на Европа“.
Ќе учествуваат претседатели, премиери, официјални лица и експерти од Западен Балкан и Европската унија.
На отворањето на конференцијата ќе присуствуваат премиерот на Северна Македонија Зоран Заев, поранешниот премиер на Грција, Алексис Ципрас, поранешната висока претставничка на ЕУ Федерика Могерини и поранешниот комесар за соседство и проширување Јоханес Хан, главните креатори на Договорот од Преспа од 2018-та година.
Учесниците на конференцијата ќе се осврнат и на трансатлантските врски, кои ќе бидат тема на дискусија и обработка на панелот на високо ниво на вториот ден од конференцијата.
Паралелно со панелите во Охрид, во Отешево денеска темата се младите. Таму ќе се говори за значењето на гласот на младите во зајакнувањето на регионалната соработка, како и младинската визија за иднината на Југоисточна Европа.
