Италија

„Делта“ сојот потврден во 18 од 20 региони во Италија

01.07.2021 10:30

Вирусот се шири од човек на човек за само неколку секунди и е во состојба да ја „пробие“ првата доза на вакцината.

Само два дена по одлуката да не се носат маски на отворено и мал број на заразени лица со коронавирусот, во Италија повторно аларм, овој пат поради индискиот „делта“ сој на вирусот.

Не е регистриран само во два од вкупно 20 региони. Вирусот се шири од човек на човек за само неколку секунди и е во состојба да ја „пробие“ првата доза на вакцината.

Заболените се на возраст од 18 до 50 години, кои не биле вакцинирани или примиле само прва доза на вакцината.