НБА Лига

Пораз за нашиот интернационалец, Дјурант се поблиску до рекордот

25.03.2014 10:20

Трае серијата на негативни резултати на Атланта, првата ѕвезда на Оклахома продолжува да реди натпревари со +25 поени.

Перо одигра нешто повеќе од 25 минути во поразот на Хокс од Феникс (95:102), што е трет загубен меч во низа за екипата на Антиќ. Македонецот повторно беше најдобриот скокач во својот тим со 8 прифатени топки, а постигна и 5 поени, на кои што додаде 2 асистенции. Милсап и Керол постигнаа по 19 поени во составот на Хокс, а Бледсо кој што постигна 20 поени за тимот на Санс, беше најдобар стрелец на мечот.
 
Атланта (31/38) има 3 порази во низа и се бори со Њујорк (29/41) за 8-та позиција на Истокот, додека Феникс (42/29) има 4 победи во серија во битката со Далас (42/29) и со Мемфис (42/28) за последното плеј оф место на Западот.
 
Кевин Дјурант постигна 27 поени зачинети со 8 скокови, во триумфот на Оклахома против Денвер, со 117:96. Остварувањето на Мајкл Џордан е 40 меча со над 25 поени, Дјурант е во серија од 35 натпревари со таков учинок.
 
На останатите средби во синоќешната НБА понуда:
 
Мајами – Портланд 93:91
Чикаго – Индијана 89:77
Мемфис – Минесота 109:92
Њу Орлеанс – Бруклин 109:104(ОТ)
Сан Антонио – Филаделфија 113:91
Клиперс – Милвоки 106:98
Шарлот – Хјустон 89:100
Јута – Детроит 94:114