Регион

Нови ковид правила во Хрватска

01.07.2021 11:11

Јавните настани и свечености може да се одржуваат до полноќ, но со не повеќе од 100 лица, со исклучок кога имаат дигитален сертификат за вакцинација.

Од денеска нови ковид правила во Хрватска. Се предвидуваат мерки на физичко растојание од 2 метра во затворен простор и 1,5 метри на отворено. Маските за лице се задолжителни.

Јавните настани и свечености може да се одржуваат до полноќ, но со не повеќе од 100 лица, со исклучок кога имаат дигитален сертификат за вакцинација.

Угостителските објекти мора да бидат затворени од полноќ до шест наутро, а во тој период е забранета и продажба на алкохолни пијалоци.