Битола

Рампите на „Меџитлија“ и „Ники“ сѐ уште мируваат

01.07.2021 11:28

Кон средината на минатогодишниот јули се донесе забраната за секаков вид сообраќај на граничниот премин Меџитлија и проток на патници и стоки. Најавите дека на први месецов конечно ќе бидат подигнати рампите до овој момент не се остварени. Се шпекулира со три датуми во следнава недела тоа да се случи. Битолчани и останатите граѓани од пелагонискиот регион во големо исчекување...

Засега ништо од најавите дека на први јули ќе се подигнат рампите на граничните премини „Меџитлија“ од македонска и на „Ники“ од грчка страна. Подетални информации нема. Од она што како шпекулација можевме да го слушниме во следниве седум дена во калкулација се сценарија поврзани со три датуми- трети, петти и седми јули. Од граничниот премин „Меџитлија“ велат, штом ќе се добие официјалниот документ јавноста ќе биде информирана.

Интересот посебно кај битолчани е голем од повеќе аспекти, а пред сѐ економските.

Додека престојувавме на „Меџитлија“ мала надеж даде веста дека штом преминот го мине екс- премиерот на Грција, Ципрас кој патува на меѓународната конференција на преспанскиот форум рампите ќе бидат подигнати на граничниот премин кој во средината на јули минатата година беше затворен за секаков вид сообраќај и проток на патници и стока. Ковид состојбите нарушија една убава статистика.

Последиците најсилно ги почувствува стопанството од пелагонискиот регион, а пред сѐ сите чинители што се дел од битолската локална економија. Им останува да почекаат уште малце со надеж дека повторни ќе ги видаат старите муштерии.

Стевче Митревски