Свет

Пронајдени уште гробови на домородни деца во Канада

01.07.2021 11:32

Во изминатите неколку недели се откриени стотици необележани гробови на местата на поранешни резиденцијални училишта за домородни деца. Со таквите училиштата раководела Католичката црква во име на државата од 1840 па се до 90-тите години на минатиот век.

Уште 182 анонимни гробови биле откриени во близина на поранешното католичко училиште Свети Јуџин во близина на Кранбрук, Канада. Гробовите биле на домородни деца на возраст од седум до 15 години.

Во изминатите неколку недели се откриени стотици необележани гробови на местата на поранешни резиденцијални училишта за домородни деца. Со таквите училиштата раководела Католичката црква во име на државата од 1840 па се до 90-тите години на минатиот век.

Повеќе од 150.000 домородни деца биле насилно испраќани во училиштата финансирани од канадската влада и управувани од католичката црква со цел за насилно асимилирање на домицилниот народ.