Мој ДДВ: Над 36 милиони евра легнале на сметките на граѓаните за две години
Над 36 милиони евра легнале на сметките на граѓаните за две години од воведувањето на проектот Мој ДДВ. Интересот за скенирање на фискалните сметки се зголемува. Бројот на корисници на апликацијата изнесува речиси 400 илјади граѓани. Од УЈП велат изречени се повеќе од 400 глоби за неиздавање фискални сметки.

Над 36 милиони евра легнале на сметките на граѓаните за две години од кога се воведе проектот Мој ДДВ, велат од Управата за јавни приходи. Само во првото тромесечје управата исплатила над 413 милиони денари.
Во пандемиската 2020 година околу 1,5 милијарди денари им биле вратени на граѓаните. Ова, вели директорката Лукаревска е показател дека интересот за скенирање на фискалните сметки се зголемува, бројот на корисници на апликацијата Мој ДДВ сега изнесува речиси 400 илјади граѓани.
Од Управата информираат дека по спроведените контроли од страна на инспекторите на даночните обврзници им биле изречени над 400 казни, поради неиздавање на фискални сметки. Од Управата информираат дека граѓаните реагирале преку анонимни пријави, преку линијата 198. Посочуваат дека Мој ДДВ помогнал во борбата со сивата економија.
Дијана Ценевска
