Завршни зборови

Русковска го измени обвиненито за организаторите на 27-ми април

01.07.2021 15:17

Пред завршните зборови, обвинителката Русковска достави изменето обвинение за предметот „Организатори за 27-ми април“. Според него, Спиро Ристовски и Миле Јанакиески биле органиозатори на протестите „За заедничка Македонија“. Според одбраната, измените во обвинението ја менувале структурата и концепцијата на нивниот завршен збор, затоа побараа одложување. Ќе се произнесат на наредното рочиште на 6-ти јули...

Русковска достави изменето обвинение за предметот „Организатори за 27-ми април“. Според него, Спиро Ристовски и Миле Јанакиески биле органиозатори на протестите „За заедничка Македонија“. „Сѐ било испланирано, само не се знаел датумот на упад во законодавниот дом“, рече во завршните зборови обвинителката. Нагласи дека Обвинителството докажало дека имало план за дејствување за оневозможување на избор на претседател на Собранието. 

Измената на обвинителниот акт е пораз на истрагата. Триумф на одбраната, вели адвокатот Миланов. Според него, измените во обвинението ја менувале структурата и концепцијата на нивниот завршен збор, затоа побараа одложување.

Наредното рочиште е на 6-ти јули.

 

Наташа Гркова Петрушевска