Комисиска расправа за ребалансот на буџетот
Растат и приходната и расходната страна на државната каса. Власта реферира – приоритет се здравјето, економијата, финансиите. Опозицијата поднесе повеќе од 200 амандмани...

Ребалансот на државната каса се најде пред матичната собраниска комисија за финансирање и буџет. Десет дена ќе трае општата и амандманската расправа, а веќе се најавени 222 амандмани,од кои 153 на ВМРО-ДПМНЕ. Власта и опозицијата со различни аршини за ребалансот. За ВМРО-ДПМНЕ државната каса е нераелно и рекордно висока 4,37 милијарди евра, а за СДСМ ребалансот е во насока на поддршка на стопанството и на здравството.
За опозицијата ребалансот е социјален, политички, предизборен и со него се кратат пари за гасификацијата и за инвестиции во ТИРЗ-овите, додека според власта со него се финансираат инфраструктурни проекти важни за граѓаните, но и се овозможува редовна исплата на субвенциите во земјоделството.
Од ВМРО-ДПМНЕ ја обвинија власта дека за четири години владеење јавниот долг го зголемила за 2,4 милијарди евра и за прв пат е двојно поголем до БДП. Од ресорот за финансии децидни- растот е проектиран на 4,1%, при реален раст на бруто инвестициите од 8%.
Државниот долг на крајот на март 2021-ва изнесува 6,2 милијарди евра, односно 54,1% од БДП, рече заменик министерот Ковачевски.
Свето Николовски
