Жителите на струмичко Банско пет дена без вода за пиење
Топла вода од изворите имаат ама вода за пиење немаат веќе пет дена. Жителите на струмичко Банско денеска веќе го кренаа алармот, свесни се дека соселани ја злоупотребуваат питката вода и со неа наводнуваат бавчи и пластеници, бараат спас од надлежните...

Жителите на струмичко Банско топла вода од изворите имаат, ама ладна за домаќинствата немаат веќе петти ден. Велат, апсурдот да е уште поголем, при вода мора да ја купуваат, а за домаќинството полнат од бунари. Свесни се дека проблемот соселаните го создаваат, така што бавчите и пластениците ги наводнуваат со водата од водоводниот систем. Бараат надлежните да излезат на терен.
Ги контактиравме и од подрачната единица на комуналното претпријатие во Муртино, децидни се дека проблемот, не е од техничка причина. Велат дека немаат механизам како да го решат проблемот, ниту смеат да казнуваат иако ги знаат жителите кои ја злоупотребуваат водата за пиење, ниту пак смеат да ги исклучат од системот. Но, секојдневно се на терен.
Од комуналното претпријатие велат дека откриле и диви приклучоци кои ги отстраниле, но тие биле минорни потрошувачи во однос на жителите кои водата ја користат за наводнување и на тој начин го празнат резервоарот за вода. Упатуваат апел до жителите да не си создаваат сами проблеми, оти на овие горештини неопходна е водата за пиење.
Стојне Митева
