Во Куманово вода за пиење ќе има, но не и за наводнување

25.03.2014 10:31

Двојно е намалено нивото на водата во езерата Глажна и Липково, единствени места од каде се користи вода за потребите на кумановчани. доколку сушата продолжи, вода за пиење ќе има, но не и за потребите на индустријата и земјоделието...

Докололку продолжат сушите во пролетните месеци ќе биде алармантна состојбата со водоснабдувањето на 120-те илјади кумановци.

Двојно се намалени количните со водата во езерата Глажна и Липково од кои Куманово се снабдува со вода. Минатата година во овој период од годината имаше 15 кубни метри вода , за разлика од сега кога има околу 7 кои не би можеле да ги задолат ни основните за водоснабдувањето на градот. Доколку во наредниот период немаме дожд, нема да биде пуштен системот за наводнување, информираат Јавното претпријатие Кумановско-липковско поле .

„Според протоколот Водостопанство има обвсрска првенствено да испорачува вода на Ј.П Водовод, потоа кон индустриските капацитети и доколку има вода кон земјоделците за наводнување“, вели Филип Филиповски директор на Ј.П Водостопанство Кумановско-липковско поле.

Покрај двата алтернативните извори во Проевце и Бедиње кои ќе бидат пуштени летово, неопходно е да се откријат нови извори за надминување на состојбата. Од Вововод најавуваат сет мерки за спарување со кризата и аперираат граѓаните да ја штедат водата.

„Сакаме рестрикциите да бидат последната мерка што ќе ја преземеме во зависнот од конкретната ситуација и ќе направиме напори во рамките на нашите надлежности водоснабдувањето биде непречено“, изјави директорот на Ј.П водовод, Горан Стојковски.

Граѓаните  со порака до надлежните да изнајдат решенија за да не остане градот без вода во летниот период.

„Слушнавме дека браната е полупразна, за наводнување сигурно нема да биде доволно, но за пиење мора да има“, вели еден граѓанин на Куманово.

„Според она што го слушнавме се плашиме дека нема да има вода и треба си мислат тие што се задолжени по ова прашање да не се случи да останеме без вода“, додава друг граѓанин.

Кумановци во претхдните години беа заложници на водна криза поради недоразбирањата помеѓу двете претпријатија. Сега кога релациите се подобрени, ќе ги очекува нова криза, но овојпат како резултат на неповолните климатски услови.

 

Габриела Димковиќ