Извештај на Стејт департментот

Македонската влада прави напори, но не ги исполнува минималните стандарди за елиминирање на трговијата со луѓе

02.07.2021 09:41

Во документот се наведува дека владата демонстрираше севкупни зголемени напори во споредба со претходниот период, затоа остана на второто ниво на категоризација.

Владата на Северна Македонија не ги исполнува целосно минималните стандарди за елиминирање на трговијата со луѓе, но прави значителни напори да го стори тоа, извештај на американскиот Стејт департмент.

Во документот се наведува дека владата демонстрираше севкупни зголемени напори во споредба со претходниот период, затоа остана на второто ниво на категоризација.

Иако се нотира изготвувањето на Националната стратегија 2021-2025, сепак се нотира дека полицијата немаше соодветно финансирање и опрема за да спроведе проактивни истраги, а Обвинителството за организиран криминал и корупција немаше доволно ресурси за да се справи со сите случаи под нејзина надлежност, оценува Стејт департментот.