Субвенции

Финансиска поддршка за набавка на добиток

02.07.2021 09:47

До 4-ти јули тече рокот за поднесување на барања за поддршка за набавка на добиток. Сточарите кои ги исполнуваат условите имаат право на враќање на сретствата во висина од 50 до 75 проценти од вредноста на инвестицијата или најмногу до 6,5 милиони денари по корисник.

Неповратната финансиска помош изнесува најмалку 50 проценти од трошоците за набавката на добиток од увоз или од признати организации на педигрирани високостелни јуници за млеко и за месо со исклучок на расата Буша, како и машки и женски приплодни грла овци и кози.

Набавката треба да е направена најдоцна до датумот на завршување на јавниот повик, односно до последниот рок за поднесување на барањата кој трае до 4-ти јули.

Стапката за ко-финансирање се зголемува и изнесува  55 проценти за млад земјоделец , 60 за во неразвиените подрачја па до 75 проценти за вложувањата во тешко достапните рурални заедници.

Еден фармер може да поднесе само едно барање за една мерка или најмногу две од целата Програма за рурален развој.

Корисниците на средства треба да ги имаат платено сите финансиски обврски кон Министерството за земјоделство како и долговите кон Јaвното претпријатие за стопанисување со пасиштата и водниот надоместок.

Апликациите со ист број на бодови ќе се рангираат според датумот и времето на поднесување на електронското барање.

Методија Трајков