Грција ги отвори сите копнени гранични премини
За разлика од претходно, кога преминот Богородица работеше со ограничено работно време, сега, согласно новата одлука, сите гранични премини работат 24 часа.

Грција ги отвори сите копнени гранични премини кон соседните земји. Влезот кај јужниот сосед можен е, освен преку Евзони (Богородица) и преку Ники (Меџитлија) и Дојран. За разлика од претходно, кога преминот Богородица работеше со ограничено работно време, сега, согласно новата одлука, сите гранични премини работат 24 часа.
За патување во Грција задолжително е потребен документ поврзан со Ковид-19, односно или сертификат за вакцинација, 14 дена по примената втора доза, или негативен резултат од ПЦР тест направен 72 часа пред патувањето или рапид (брз) тест до 48 часа пред пристигнувањето во Грција или потврда за прележан коронавирус, како и пополнет PLF формулар.
Промени, согласно новата одлука има во однос на потврдата за прележан Ковид-19, важноста на документот издаден 30 дена по првиот позитивен резултат е до 180 дена по позитивниот резултат, а не од два до девет месеци како што беше претходно.
