Намален бројот на работници во индустријата

02.07.2021 09:59

Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на работниците во секторот Рударство и вадење на камен во мај 2021 година, во однос на мај 2020 година, бележи опаѓање од 7,5 %, во секторот Преработувачка индустрија опаѓање од 0,8 %, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација опаѓање од 3,1 %.

Бројот на работниците во индустријата во мај 2020 во однос на мај 2020 година, е намален за 1,3 отсто, а во првите пет месеци од годинава за 2,7 проценти.

Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на работниците во секторот Рударство и вадење на камен во мај 2021 година, во однос на мај 2020 година, бележи опаѓање од 7,5 %, во секторот Преработувачка индустрија опаѓање од 0,8 %, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација опаѓање од 3,1 %.

Според главните индустриски групи, бројот на работниците во индустријата во мај 2021 година, во однос на мај 2020 година, бележи опаѓање кај Енергија за 4,3 %, Интермедијарни производи, освен енергија за 1,8 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 4,6 %, додека пораст бележи кај Капитални производи за 6,2 % и Tрајни производи за широка потрошувачка за 6,4 %.