Се повлекуваат последните американски војници од Баграм
Повлекувањето од Баграм им отвора можност на Талибанците повторно да завладеат со голем дел од регионот. Илјадници Авганистанци се подготвуваат да ги напуштат домовите.

Последните американски војници ја напуштаат воздухопловната база Баграм во Авганистан. Целосното повлекување на персоналот се очекува наскоро. Силите се стационираа таму пред две децении во рамките на мисијата „Војна против тероризмот“ по нападите на 11 септември. Повлекувањето од Баграм им отвора можност на Талибанците повторно да завладеат со голем дел од регионот. Илјадници Авганистанци се подготвуваат да ги напуштат домовите.
„Загрижен сум поради можното враќање на Талибанците. Сакам да заминам од земјата пред да се влоши ситуацијата.“
„Повеќето области паднаа. Во секоја има битки. Талибанците стигнаа и до полициските штабови и до центрите на провинциите. Дојдов по пасош и си одам од Авганистан. Овде не е безбедно.“
И властите во неизвесност за иднината на земјата без помошта од странските трупи, но очекуваат поддршка од меѓународната заедница. Талибанците порачаа – Авганистанците немаат причина за страв.
