Тетово

Одбележани 250 години од раѓањето на македонскиот преродбеник Кирил Пејчиновиќ

02.07.2021 10:28

Синоќа во Тетово одбележана 250 годишнината од раѓањето на македонскиот преродбеник Кирил Пејчиновиќ. Присутните имаа можност да се запознаат со колосалното дело на просветителот преку повеќе уметнички точки. Манифестацијата ја организираше Комисијата за односи меѓу верските заедници и религиозни групи...

Просветителот и игуменот на Лешочкиот манастир Кирил Пејчиновиќ ги собра тетовци на едно место. Поради пандемијата после подолго време се одбележа настан од поголеми културни размери, како што заслужува градот во чест македонскиот великан.

Делата на Пејчиновиќ се големи, потенцираше Архиепископот Охридски и Македонски, г.г. Стефан. Своевремено тој преку неговите стихови кој ги исклесал на неговата надгробна плоча ги прави и зачетоците на македонската книжевност.

Манифестацијата се одбележа пред платото на управната зграда на Музејот на тетовскиот крај, во чија внатрешнсот беше организирана изложба на академскиот сликар Павле Кузмановски.

Одбележувањето на 250 годишнината од раѓањето на Кирил Пејчиновиќ е и првиот културен настан во поранешниот Дом на АРМ, откако со овој објект од неодамна започна да управува Музејот на тетовски крај.

Зоран Димовски