МВР
Пронајдена дрога, приведени четири лица во Гостивар
02.07.2021 11:09
Лишени од слобода се М.Д.(19) од Гостивар, Ј.М.(20) од с.Речане, и двајца малолетници на возраст од 16 и 17 години од Гостивар, кај кои е пронајдена марихуана.

Вчера во 23.50 часот од страна на полициски службеници од Одделението за криминалистичка полиција Гостивар на ул.„Карагач“ во Гостивар лишени од слобода се М.Д.(19) од Гостивар, Ј.М.(20) од с.Речане, и двајца малолетници на возраст од 16 и 17 години од Гостивар, кај кои е пронајдена марихуана.
Тие се приведени во Полициска станица Гостивар за понатамошна постапка. По документирање на случајот против нив ќе биде изготвен поднесок.
