САД
Евакуација во Северна Калифорнија поради пожари
02.07.2021 11:45
Топлотниот бран ги реактивира жариштата во овој дел од САД. Лани во Калифорнија изгореа рекордни 17 илјади квадратни километри.

Евакуација во Северна Калифорнија поради големи пожари. Уништени се повеќе домови, а на терен се испратени стотици пожарникари.
Топлотниот бран ги реактивира жариштата во овој дел од САД. Лани во Калифорнија изгореа рекордни 17 илјади квадратни километри.
Шумски пожар и во Канада. Во Литон, Британска Колумбија, каде беа регистрани рекордни температури, изгореа огромни површини од земјиштето.
Експертите предупредуваат дека климатските промени ќе предизвикуваат екстремни временски услови и во иднина.
