Застој во проширувањето на ЕУ со Западен Балкан
Во Охрид втор ден од една од најголемите меѓународни конференции кај нас „Преспа форум дијалог“. Не е можно ново ресетирање на односите меѓу ЕУ и САД за Западен Балкан, смета претседателот Пендаровски, што е лоша вест за регионот. Сакаме рамноправност со Европа, порака од лидерите во регионот..

Постои застој во проширувањето на Европската унија со земјите од Западниот Балкан, а тоа ја намалува довербата во Брисел, предупреди шефот на македонската држава, Стево Пендаровски во своето обраќање на Преспанскиот форум за дијалог. Тој вели дека без соработка на САД и ЕУ со Западниот Балкан, регионов не може да успее во постигнување на зацртаните цели.
Ако Европската унија не се прошири на Западен Балкан, нема да биде завршен проектот за обедината Европа, посочи претседателот на Словенија, актуелниот претседавач со унијата, Борут Пахор.
Поранешниот еврокомесар за проширување Јоханес Хан истакна дека неспособноста на Унијата да почне преговори со Скопје и Тирана е неуспех за остварување на ветувањата што Брисел им ги даде на земјите кандидати.
Учесниците на дебатата посветена на трансатланската соработка во регионот се согласија дека само со проширување на ЕУ со Западен Балкан ќе се зајакне економскиот просперитет и безбедност.
Ирина Гелевска
