И Ферари против ФИА
Иако од тимот на Ферари нема официјални изјави, италијанските медиуми откриваат дека ФИА е виновникот за лошите перфоманси на Алонсо и Раиконен на трката во Австралија...

Според информациите, болидите на Ферари останале без поддршка од ЕРС системот во поголемиот дел од трката и неможеле да ги искористат дополнителните 160 КС по круг добиени како резултат на регенерацијата на кинетичката и топлинската енергија.Се претпоставува дека електронската единица во болидот на Алонсо останала заглавена на програмата за старт, па и кога брзината на Алонсо била над 100 км/час не ги добивал дополнителните киловати. Проблемите на Раиконен биле уште поголеми бидејќи системот што го контролира ФИА не му дозволил да го користи ДРС-от.
Како потврда за овие непотврдени информации е најавата дека за трката во Малезија ,ФИА ќе ја смени својата контролна единица.
