Деца со цистична фиброза два месеца се соочуваат со недостиг од лекот „Калидеко“
Деца со цистична фиброза два месеца се соочуваат со недостиг од лекот „Калидеко“. На болните им се влошува ситуацијата, некои имаат потреба од хоспитализација. Министерот појасни дека се чекал извештај, дали медикаментот е ефикасен. Филипче уверува дека лекот е набавен и ќе го има од иднава недела...

Замор, тешкотии во дишењето и движењето, вртоглавици, губење апетит. Кислород за да може да живее. Но, честопати и тоа не помага. Неизбежна е хоспитализација. Со овие проблеми секојдневно се соочуваат болните од цистична фиброза. Поубаво се чувствувале кога го земале лекот Калидеко. За жал, до него сега не може да дојдат, го нема.
Пациентите со солзи во очите ја раскажаа голготата. Молат, час поскоро да го добијат лекот. Министерот за здравство очекува лекот да стаса следната недела.
Филипче образложи дека лекот го немало зашто се чекал извештајот на стручните лица дали овој лек дава ефект во лекувањето на овие пациенти со генска мутација на цистична фиброза.
Наташа Гркова- Петрушевска
