Нови градби за земјоделско земјиште

15.11.2013 11:59

Земјоделците се заинтересирани за градење на производствени објекти надвор од урбаните средини

Според законот новите капацитети на нивите ќе мораат да ги задоволат строгите критериуми.
 
На нивите може да се изградат оранжери, помошни простории, и објекти за примарна обработка на земјоделски производи.Одобрение за градење го дава општината на чие подрачје се наоѓа земјиштето.
За новиот објектот Фармерот треба да побара согласност од Министерството за земјоделство.
Дозволата за градба може да се даде само на сопственик или закупец на површина од најмалку 0,2 хектари.
Може да има само еден објект во една катастарска општина по барател и соодветна патна,комунална и електрична инфраструктура бидејќи градењето  во нива без струја, вода и пат е забрането.
По престанувањето или раскинувањето на договорот за закуп,објектот треба
да се отстрани во рок од 30 дена.