Настаните во Мајами во полза на организаторот
Прво рангираниот во Мајами и на светската скала Надал, по точно саат минат на терен славеше против Истомин...
Прво рангираниот во Мајами и на светската скала Надал, по точно саат минат на терен славеше против Истомин, препуштајќи му во двата сета само гем, до меч со Фоњини. По повлекувањето на германецот Мајер, вториот рекет Ѓоковиќ се одмори до денешниот дуел со Робредо.
Третиот на списокот во Флорида, Вавринка убаво се препоти во дуелот со французинот Роже Васлан со кој одигра мачни два сета, а сега му следи нималку лесна задача во пресметката со Долгополов. Ферер кој го има турнирскиот број 4 и во Мајами е запишан како лански финалист, силите ќе ги одмери со Нишикори.
Одличен 1/8 пресметка ќе треба да понудат Федерер и Гаске 5-тиот и 9-тиот во Мајами, како и 6-тиот Мареј, бранителот на трофејот со незгодниот Цонга. И седмиот турнирски носител Бердих, по лесниот пласман оди на тешка задача со непредвидливиот Изнер.
Настаните од Мајами можете да ги пратите на МРТ собранискиот сервис, а денешната понуда од виолетовиот терен е од дуелот Новак Ѓоковиќ(2) и Томи Робредо(16).