Ковид-19

На Европа ѝ се заканува нов бран поради делта- мутацијата

05.07.2021 09:56

Бројот на заразени се зголемува поради ширењето на делта-мутацијата која е регистрирана во повеќе земји.

Француското министерство за здравство инсистира да се забрза имунизацијата на населението против Kовид-19 за да се избегне четвртиот бран на пандемијата.

Бројот на заразени се зголемува поради ширењето на делта-мутацијата која е регистрирана во повеќе земји. 

Велика Британија, пак, најавува нови мерки за излез од карантинот. Премиерот Борис Џонсон е задоволен од процесот на имунизација и нагласи дека народот мора да научи да живее со вирусот. Но, министерот за здравство од редовите на Лабуристите, Џонатан Ешворт предупреди дека не смеат да се преземаат чекори кои би предизвикале нов притисок врз болниците.