АВГАНИСТАН

Талибанците бараат повлекување на сите странски трупи

05.07.2021 11:03

Претходно беше најавено дека е можно да останат 1.000 американски војници за да ги заштитат дипломатските мисии и меѓународниот аеродром во главниот град.

Талибанците во Авганистан предупредија - сите странски трупи што ќе останат по повлекувањето на НАТО во септември ќе се сметаат за окупатори.

Нагласија дека не планираат да го заземат Кабул со употреба на воена сила, но очекуваат сите страни да го почитуваат Договорот од Доха.

Претходно беше најавено дека е можно да останат 1.000 американски војници за да ги заштитат дипломатските мисии и меѓународниот аеродром во главниот град.

Во меѓувреме, насилството продолжува да ескалира, а Талибанците заземаат сè поголема територија. Засега контролираат речиси една третина од 421 округ во Авганистан.