Прилеп

Итната помош со полни раце работа

05.07.2021 11:28

Итната помош во Прилеп која се грижи за здравјето на 100.000 жители во регионот, и со жештините и со промените, има неколкупати зголемен број интервенции. Загрижуваат инфарктите кај помладата популација…

Прлепската итна медицинска помош е со полни раце работа. Големите жештини, а и променливото време последниве денови, неколкупати ги зголеми интервенциите. Има преку 100 интервенции во 24 часа во работната недела, а и повеќе за викенд. Загрижува што инфактите се кај помладата популација.

Раздвиженоста носи многу каснувања од инсекти. Проблем прават интервенциите кај хроничните кои чекаат, наместо кај матичен, да стигнат во Итната помош и се создаваат навалици. 15-тината лекари од прилепската служба со апел - прво кај матичниот, а за она што е итно, работи службата.

Иако сега немаат интервенции со коронавирусот, лекарите инсистираат на внимателност - и во контактите и во движењето- за секој случај.

 

Елизабета Митреска