ФЛОРИДА

Целосно урната зградата во Сурфсајд

05.07.2021 11:43

Потрагата по преживеани беше привремено запрена, но ќе продолжи по завршување на процесот. Како исчезнати сѐ уште се водат над 120 лица. И натаму се непознати причините за уривањето на зградата која била изградена во 1981 година.

Со контролирана експлозија беше целосно урната зградата во Сурфсајд на Флорида која пред десетина дена ненадејно почна да пропаѓа при што беа усмртени десетици лица.  Одлуката за уривањето до темелите на објектите беше донесена поради приближувањето на тропската бура „Елза“.

Потрагата по преживеани беше привремено запрена, но ќе продолжи по завршување на процесот. Како исчезнати сѐ уште се водат над 120 лица. И натаму се непознати причините за уривањето на зградата која била изградена во 1981 година.

Во инженерски извештај од 2018 година било утврдено дека постојат сериозни проблеми со структурата.