Делегација на ЕУ во посета на Киев
25.03.2014 11:31
Развивање на демократијата и имплементирање на реформи во институциите и економијата, ќе биде наша главна задача, изјави министерот за проширување, Штефан Филе...

Делегација на Европската Унија во дводневна посета на Киев. Развивање на демократијата и имплементирање на реформи во институциите и економијата, ќе биде наша главна задача, изјави министерот за проширување, Штефан Филе.
Привремениот премиер Арсениј Јацењук денеска ќе одржи итен состанок на Владата за усвојување пакет мерки за буџетот.
Во меѓувреме Крим се соочува со сериозна закана, целосно да остане во мрак и без вода, откако граѓаните гласаа за отцепување од Украина.
Медиумите јавуваат дека денеска е убиен Александар Музичко еден од водачите на ултрадесничарската организација Десен сектор, додека лидерите на земјите од групата Г-8 на Самитот во Хаг, го осудија илегалниот обид за анаексирање на Крим што е спротивно на меѓународните закони и најавија санкции кон Москва.
