Свет
Потрага по исчезнати во свлечиштата во Јапонија
05.07.2021 12:08
Свлечиштата кои беа предизвикани од поројните дождови затрупаа цели населби во префектурата Шизуока.

Продолжува потрагата по десетици исчезнати во свлечиштата во Јапонија. Досега загинале три лица, но властите очекуваат дека бројот на жртви ќе се зголемува.
Свлечиштата кои беа предизвикани од поројните дождови затрупаа цели населби во префектурата Шизуока.
На терен се мобилизирани стотици војници, пожарникари и други спасувачки единици. Операцијата е отежната поради неповолни временски услови, вклучувајќи и магла.
