Нема нови рестрикции поради делта сојот
Нема препораки за нови мерки поради делта сојот, пресече Комисијата за заштита од заразни болести. Епидемиолошката состојба е стабилна, но надлежните предупредуваат на будност...

Засега зелено светло за влез во државата, без ПЦР тест или сертификат за примена вакцина. Иако делта сојот се шири во соседството, Комисијата за спречување на заразни болести не препорача нови мерки. Надлежните сметаат дека во моментов ситуацијата е под контрола, но будно ќе се следи.
И првиот човек во здравство Филипче категоричен- нема никаков знак дека може да се влоши состојбата. Апелира на масовна имунизација. И матичните лекари ја следат состојбата. претседателката на здружението на приватни матични лекари, доктор Чолакова – Дервишова, вели не смее да се крева паника, при секој симтом најпрво да се побара совет од матичните.
Според епидемилозите, повторно ќе има зголемен број случаи, а првенствено ќе заболуваат невакцинираните. Сметаат дека се потребни ПЦР тестови за влез во земјата, особено при крајот на летото кога ќе почнат луѓето да се враќаат од одмори. Исто така треба и задолжителна изолација.
Стручњаците велат дека доколку се интензивира темпото на вакцинација, веројатно имаме шанса да дојдеме до колективен имунитет од околу 80 – 85 проценти, зошто тоа е прагот, со што би се оневозможило епидемиско ширење на вирусот.
Наташа Јанчиќ- Менковски
