Политика

СДСМ ќе ја прифати резолуцијата на ВМРО-ДПМНЕ

05.07.2021 12:55

Од партијата со став- македонскиот идентитет и македонскиот јазик не можат да бидат услов за европскиот напредок на државата. Испраќаме силна порака дека идентитетот и јазикот се затворена тема, нагласи портпаролот Костадинов.

СДСМ ќе ја прифати резолуцијата која до Собранието ќе ја испрати ВМРО-ДПМНЕ. Од партијата со став- македонскиот идентитет и македонскиот јазик не можат да бидат услов за европскиот напредок на државата. Испраќаме силна порака дека идентитетот и јазикот се затворена тема, нагласи портпаролот Костадинов.

Ќе ја прифатиме Резолуцијата, таква – каква што е, каква што всушност и видовме од медиумите, зашто официјален предлог до нас како пратеници нема. Согласно Уставот ВМРО-ДПМНЕ треба официјално до секој пратеник да ја испрати Резолуцијата, секако ние, како одговорно мнозинство ќе ја прифатиме таква каква што ја гледаме во медиумите, рече Костадинов, додавајќи со ова на површина избивале сите лаги кои ги пласирале ВМРО-ДПМНЕ.

Рече дека со ова уште еднаш испраќаат силна порака дека идентитетот и јазикот се затворена тема.