Имунизацијата продолжува, се вакцинираат вработените во основните и средните училишта
Од денеска, како критична група се вакцинираат 8.500 вработени во основните и во средните училишта кои досега не добиле термин. Според Министерството за здравство се планира за една недела да бидат сите вакцинирани, а следната недела ќе се прават списоци и од високообразовните установи. Интересот сѐ поголем, имунизацијата продолжува...

Во тек е вакцинацијата на вработените во основните и средни училишта. Широкиот опфат на имунизирани, треба да придонесе непречено да се реализира наставата со физичко присуство. Боцкањето е со кинеските „Синовак“.
Освен наставниците, во спортскиот центар Борис Трајковски се вакцинираат и текстилци, пензионери и вработени во приватни и државни фирми добиле термин преку системот.
Вакцинацијата се одвива без проблеми и покрај долгите редици за влез во пунктот. Салите за масовна вакцинација ќе бидат отворени и во јули, а приоритет ќе имаат наставниците.
Анита Димитријевска Велковска
