Стопанска комора

Јаз меѓу квалификациите и потребите за кадри

05.07.2021 14:02

65 насто од македонските компании укажуваат на јазот меѓу вештините и квалификациите и потребите за кадар. Стопанската комора бара подобрување на политиките и поголемо вклучување на компаниите во стручното образование и обуката. Кај нас досега се изработени 250 стандарди на занимања и над 100 на квалификации.

65 насто од македонските компании имаат проблеми со вештините и квалификациите кадарот шро им недостасува. Стопанската комора бара подобрување на политиките и поголемо вклучување на компаниите при креирањето на стручното образование и обуката.

„Можеби преку формалното образование се добива некој квалитет и придобивка на многу подолг период, но многу е добро што компаниите веќе ја развиваат свеста дека самите имаат потреба и самите треба да се вклучат во стручното образование со тоа што учениците кај нив ќе реализираат практична обука, но и ќе учествуваат во изработка на самите образовни програми за квалификации. Вториот начин е преку неформалното бразование“, вели Наташа Јаневска-Стопанска комора на Македонија.

Според Еурочемберс, 80 насто од Коморите во ЕУ се вклучени при креирање на образовните политики и на обуката, а 48 % обезбедуваат стручно образование и обука.

„На ниво на целата држава има 97 дуални паралелки. Особено феријалната пракса и учење преку работа истотака ќе бидат од втора година“, изјави Шериф Мифтари- Центар за стручно образование и обука.

Мифтари смета дека преку платформата за јавно-приватен дијалог треба да се вклучат и останатите бизнис асоцијации, занаетчиската комора како и организацијата на работодавачи.

Досега со активно учество на комората кај нас се изработени 250 стандарди на занимања и над 100 стандарди на квалификации, како и образовни програми за изучување на 85 квалификации од двогодишно, тригодишно и четиригодишно образование од различни сектори. Бизнисот со порака дека е нужно подобрување на квалитетот на кадарот што се вработува, но истовремено е потребно стручното образованието да се направи атрактивно за сегашните и идни генерации.

 

Свето Николовски